ИЗМИНАТИОВ ВИКЕНД БЕШЕ БЕРИЌЕТЕН ЗА ГОСТИНСКИТЕ ЕКИПИ ВО ВТОРАТА ЛИГА
Викендов се одиграа средбите од второто коло во двете втори кошаркарски лиги во машка конкуренција а гостинските екипи славеа на поголем дел од овие дуели. Во западната група од предвидени пет се одиграа четири средби. „Спарта“ славеше на гостувањето против екипата на „Спорт Тим“ со 69-76. „Хераклеа“ го доби гостувањето во Охрид против истоимената екипа со 60-64. Од друга страна „Пелистер Медика карта“ успеа да ја искористи предноста на домашниот терен и славеше против „Риниа“ со 86-83 во неизвесна завршница. И екипата на „Чаир“ забележа домашна победа и славеше над „Мега Баскет“ со убедливи 88-70. Одложен беше натпреварот помеѓу „Тетекс ТТК“ и „Партизан Водно Санс“ поради позитивни случаи во гостинскиот тим. Во за нас поинтересната група исток „Феникс“ ја потврди фаворитската улога и славеше во дербито со „Шкупи“ со 72-68. „Борец Баскет“ го декласираше „Ролинг“ со дури 52 поени разлика и тоа на гостински терен (52-104). Гостинска победа забележа и тимот на „Ангели“ кои славеа на гостувањето во Струмица против истоимениот тим со 46-67. Во оваа група одложени беа натпреварите во кој требаше да учествуваат двете кумановски екипи а тоа се средбите помеѓу „МКК Куманово“ и нашиот „Пробаскет“, како и дуелот помеѓу „Баскет КАМ“ и „Куманово 2“.
Табелата во оваа конкуренција по 2 одиграни кола изгледа вака:
ТАБЕЛА:
„Борец Баскет„ 4, „Ангели“ 4, „Феникс“ 4, „Шкупи“ 3, „Куманово-2“ 2 (-1), „Струмица“ 2, „Ролинг“ 2, „МКК Куманово“ 1 (-1), Пробаскет 1 (-1), „Баскет КАМ“ 1 (-1)
Во следното трето коло кое според првичните најави е закажано за 21 ноември екипата на „Пробаскет“ во Кавадарци треба да го пречека тимот на „Ролинг“ а во останатите средби се среќаваат;
„Ангели“ – „Феникс“
„Куманово 2“ – „Струмица“
„Борец Баскет“ – „КАМ Баскет“
„Шкупи“ – „МКК Куманово“
м.в.