ВО ПЕКОЛЕН ФИНИШ КАВАДАРЧАНИ ПРЕДВОДЕНИ ОД ДАРКО СОКОЛОВ ГО ДЕКЛАСИРАА ФАВОРИТОТ

Денеска сепак се играше кошарка и тоа средби од 8 првенствено коло во машката кошаркарска елита. Дерби натпреварот се играше во Скопје каде фаворизираниот „МЗТ“ го пречека тимот на „ЕуроНикел“. Кавадаречките кошаркари предводени од перфектниот Соколов му одржаа лекција на домакинот и покажаа дека сезонава ке нема изразити фаворити.Лекција на тренерската клупа одржа и Самарџиев кој успеа да не го растури предвидениот план, па иако Данило Мијатовиќ по само 16 мин имаше три лични,кавадаречкиот стручњак успеа да го сочува до крајот на средбата со одлични ротации. Првиот период му припадна на „ЕуроНикел“ со 20:23 но на полувреме домакинот замина со предност од 45:41. Рамноправно беше и во третиот период па во последните 10 мин се влезе со скор од 56:54 за „МЗТ“. Кавадарчани играа мудро, трпеливо и точно знаеја кога да го зададат завршниот удар па на 2 мин до крајот имаа и предност од 12 поени која искусно ја сочуваа до крајот за конечни 75:87. Дарко Соколов со 30 поени беше најефикасен на натпреварот.Казарновски уфрли 14 поени, Мијатовиќ 13, Влаховиќ 12 а Караколев 10. Кај „МЗТ“ Стојановски реализираше 26 поени,Бојиќ 19 со 10 скока и Магдевски 13.

м.в.