ГОСТИТЕ СО 18 ТРОЈКИ ЗАСЛУЖЕНО ГИ ОСВОИЈА БОДОВИТЕ
Екипите на „Еуро Никел“ и „Гостивар“ го одиграа дерби натпреварот од 14.коло во Првата машка кошаркарска лига. Во салата „Јасмин“ во Кавадарци гостите имаа своја шутерска вечер а домашните немаа решение за расположените гостиварчани и во едно бледо издание на крај мораа да му подадат рака на подобриот. „Гостивар“ отвори со 6:14 а кавадарачани со три тројки во серија се доближија на 22:24. Гостите предводени од расположениот Вокер кој не промаши во овој период ја добија четвртината со 22:30. Се играше брзо и ефикасно но гостите правеа помалку грешки и на полувреме водеа со 48:58. Да споменеме дека и капитенот на кавадарчани Петровски беше без промашување до полувреме со 6/6 шут од поле. Во второто полувреме проработе Ивица Димчевски кој со 4 тројки во серија не само што ја одржуваше туку и ја зголеми предноста на „Гостивар“ па во последните 10 мин се влезе со скор од 63:81. До крајот се беше рутина а победата отиде кај оние кои повеке ја посакуваа.Домашните одиграа анемично, бледо, а гостите апсолутно заслужено славеа со 89:99. Кај „Еуро Никел“ Петровски беше најефикасен со 23 поени, Рикиќ постигна 15 со 12 скока,Соколов уфрли 11 а Мијатовиќ 10. Кај гостиварчани Тодоровиќ даде 29, Димчевски 24, Вокер 19 со 10 асистенции и Фрајдеј 13.
14 kоло
Инаку 14 коло во првата машка кошаркарска лига донесе многу интересни дуели.Одложени беа средбите „Пелистер“ - „ТФТ“ и „Вардар“ - „МЗТ“. Во битката за бегство од дното екипата на „Црн Дрим“ во Струга беше поразена од младите металци или „МЗТ 2“ со 80:84. Екипата на „Кожув“ ја искористи играчката неактивност во овој период на „Работнички“ и славеше во Скопје со 78:81. „Работнички“ имаше можност на двапати да израмни но неговите кошаркари не беа прецизни. „Куманово“ не дозволи изненадување во својата сала и го совлада „ФМП“ со 72:66.
м.в.