ДЕВОЈКИТЕ ОД ПРОБАСКЕТ ИМААТ ГОЛЕМИ ШАНСИ ДА РАЗИГРУВААТ ЗА ТИТУЛАТА
Во првата женска кошаркарска лига се одигра некомплетното 14 коло. Во источната група се одигра само натпреварот Вардар - Куманово 107:34. Средбата Крива Паланка - Про Баскет е одложена. Имено во оваа група Варсдар е прв а Про Баскет втор. За третата позиција која води во разигрување за титулата конкурираат токму екипите на Паланка и Про Баскет. Но.... Паланчанки имаат заостанат натпревар со Баскет Кам а исходот од оваа средба може да ја скрои табелата. Доколку Паланка победи тогаш во последното коло девојките од Про Баскет доколку сакаат да играат во плеј офот не смеат да загубат нагости во Крива Паланка со повеке од 7 разлика.Во западната група екипата на ТРокал славеше против Пантери со 59:35. Ова е 4 победа за младите кавадарчанки со која се пробија на 4 место на табелата во оваа конкуренција. Бадел не дозволи изненадување и со 80:41 ја совлада Струга.Работнички, Бадел и Струга се екипите од оваа група кои најверојатно ке играат во плеј офот
М.В.