КАВАДАРЧАНИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 10 МИНУТИ ТОТАЛНО ГО СКРШИЈА ПРОТИВНИКОТ
Во рамките на претпоследното 21 коло кошаркарите на ЕуроНикел прокнижија уште една победа против секогаш незгодниот тим на Вардар. Првиот период кавадарчани го добија со + 5 за да на полувреме имаат предност од + 8 а во последните 10 мин се влезе со + 7 за ЕуроНикел. Во последниот период кавадарчани заиграа максимално сериозно и во одбраната и во нападот и на крај славеа со убедливи 96:79. Соколов ги предводеше кавадарчани со 20 поени на кои додаде и 9 скока. Покрај него уште шестмина завршија како двоцифрени.Рикиќ даде 18 поени и 8 скока,Мијатовиќ постигна 12 поени, Дубински, Перовиќ и Петровски уфрлија по 11 а Караколев 10. Кај Вардар само двајца завршија како двоцифрени. Дикембе реализираше дури 41 поен а Провел додаде 15 - премалку за изненадување во Кавадарци.
М.В.