МКК ЕУРОНИКЕЛ ЈА ЧЕКА РАЗВРСКАТА ЗА ПОЗИЦИИТЕ НА ТАБЕЛАТА КОИ ОДЛУЧУВААТ И КОЈ КЕ БИДЕ ПРВИОТ ПРОТИВНИК НА КАВАДАРЧАНИ ВО РАЗИГРУВАЊЕТО

До крајот на регуларниот дел од сезоната во првата машка кошаркарска лига останаа да се одиграат уште 5 натпревари од кои трите најинтересни би требало да се играат денес и утре. Денеска екипата на МЗТ го пречекува Куманово. Металците со победа за момент ке го прескокнат Работнички на позицијата број 3 додека Куманово со евентуална победа ке се израмни на табелата за момент со Гостивар, ТФТ и ФМП. Со пораз кумановчани ке ја превземат позицијата број 8 но ке можат да напредуваат бидејки имаат уште еден натпревар нагости со Вардар. Утре се играат две средби за меѓусебен престиж. Пелистер во Битола ке бара потврда на позицијата број 1 во дуелот со Работнички. Ако скопјани изненадат и слават победа ке го скокнат ЕуроНикел на табелата но Пелистер би останал прв. Гостивар го пречекува ТФТ а победникот на табелата ке биде пред поразениот. Во последниот натпревар кој допрва ке се игра МЗТ ке гостува во Струга кај Дрим Тим и директно ке одлучи за конечниот пласман на врвот на табелата.

М.В.