МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

АНАСТАСИЈА ТОДОРОВА ДАДЕ 7 ТРОЈКИ ОД 9 ОБИДИ

Во рамките на 5 коло од кошаркарскиот плеј аут за жени се случија неколку изненадувања а во сите три средби победи славеа гостинските екипи. МЗТ си го дозволи тој луксуз и загуби од Шкупи на домашен терен со 56:57. Гостивар славеше на гостувањето во Куманово со 38:48. Најпријатното изненадување го направија девојчињата на Трокал кои славеа нагости кај лидерот Пробаскет со 52:57. Во дуелот на двете кавадаречки екипи победата им припадна на помладите. Да играте во сениорска лига а во составот да имате 3 девојчиња од по 16 години кои се највозрасни во тимот,4 девојчиња од по 15 год и 5 од по 14 години тогаш талентот е неоспорен и само треба да се продолжи да се работи со овие дечиња кои допрва треба да напредуваат. Јунак на кавадаречката пресметка е 16 годишната Анастасија Тодорова која постигна 34 поени од кои 7 тројки од 9 обиди -податоци на кои можат да и позавидат и многу поискусните. И покрај поразот Пробаскет остана на првата позиција со 23 бода колку што има и Шкупи на втората но кавадарчанки имаат средба помалку. Вториот кавадаречки претставник Трокал сега се проби на третата позиција со 22 бода колку што има и Гостивар но двете екипи имаат натпревар повеке од Пробаскет. МЗТ падна на 5 позиција со 21 бод но и средба помалку. На последните две места се секипите на Пантери и Куманово со по 16 бодови.

М.В.

184499733_648497983218880_5137986829383763541_n