МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕКИПАТА НА ТРОКАЛ ВО М 16 СЕ ПЛАСИРАШЕ НА Ф4 ЗАВРШНИЦАТАВО КАТЕГОРИЈА М 18 ОВОЈ ВИКЕНД ТРОКАЛ КЕ РАЗИГРУВА ЗА МЕСТО ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Продолжува спортската ренесанса во Кавадарци. По одличната сезона која ја имаа сениорите убави вести ни доаѓаат и од младинските категории. Девојчињата од екипата на Трокал во категорија М 16 се пласираа во полуфиналето за оваа категорија девојчиња. Тие во четвртфиналето го совладаа тимот на Тим Арена од Штип со убедливи 66:37. Полуфиналето ке се игра на 15 јуни а ние во полуфиналето ке вкрстиме со Бадел. Во второто полуфинале ке се сретнат екипите на Паланка и екипа која ке победи во разигрувањето за место во полуфиналето овој викенд. И девојчињата од М 18 имаат можност да се пласираат во завршницата бидејки овој викенд ке разигруваат за пласман во полуфиналето со екипите на Струга и Гостивар. Стружанки се фаворити но нашите девојчиња во никој случај нема да патуваат со бело знаме и ке го дадат максимумот на секој натпревар. Доколку се пласираме во полуфиналето таму ке вкрстиме со Шкупи што од друга страна ги отвора и портите за финалето. Да споменеме дека составот кој настапува во М 18 е истиот кој се натпреваруваше во сениорска конкуренција но пак е меѓу помладите во оваа конкуренција. Тренерот на Трокал Никола Златев е песимиста во пресрет на овие дуели но исто така не информираше дека него лично допрва го чека многу работа. Имено тој е селектор на репрезентацијата до 16 години. Годинава во вид на челенџ турнири во Тбилиси Грузија ке се одржи и европското првенство за оваа категорија а македонската репрезентација е во релативно лесна група со домакинот Грузија потоа Ерменија, Малта и Албанија. Се очекува во потесниот состав на репрезентацијата да се најдат и две кошаркарки на Трокал. Пред се Анастасија Тодорова и Љубица Бошкова а селективните тренинзи за избор на репрезентативки можно е да се случат токму во Кавадарци

М.В.