МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ФОРТУНАТО ДА СИЛВА И ИБРАХИМА ТИАМ И ОФИЦИЈАЛНО НАЈНОВИУ ЗАСИЛУВАЊА ЗА КАВАДАРЕЧКИОТ ПРВОЛИГАШ

Екипата на ГФК Тиквеш вчера замина за Охрид каде ке одработи десет дневни подготовки за претстојната прволигашка сезона. Планирано е во Охрид да се одиграат и неколку контролни натпревари во рамките на подготвителниот период. Непосредно пред заминувањето кавадарчани ги претставија и најновите засилувања. Станува збор за црномурестите Фортунато Да Силва и Ибрахима Тиам од кои се очекува да бидат големо засилување за новиот прволигаш.Да Силва е по потекло од Ангола, а има и холандско државјанство од каде и доаѓа во Тиквеш додека Тиам е Сенегалец и потекнува од школата на францускиот прволигашот Амиен.

М.В.

213842811_3041487316175714_8085211806856493582_n 214549824_506661040664629_7092488088256008581_n 215993272_941786179731155_5129760358789481803_n