КАВАДАРЧАНИ ПОЛЕКА НО СИГУРНО ГО ФОРМИРААТ КОСТУРОТ НА ТИМОТ ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА

Поранешниот македонски репрезентативец Алексндар Штерјов е ново име во ростерот на Еуро Никел. Тој доаѓа од редовите на Гостивар чиј член беше претходните две сезони. Штерјов е второ засилување за Еуро Никел во пресрет на новата натпреварувачка кампања откако претходно, нов член на кавадаречкиот тим стана и неговиот соиграч од Гостивар, Ивица Димчевски. Деновиве кавадарчани го потпишаа и 207 цм високиот Теодор Атанасов кој е српски кошаркар а има и македонско државјанство. Атанасов е роден 1996 год игра на центарската позиција и е дете на Војводина а во Македонија играше за Куманово и минатата сезона во ФМП.

М.В.

222146532_550160129493189_1953996607405003716_n (1)