МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Репрезентацијата предводена од селекторот Никола Златев забележа 4 убедливи победи и од Грузија се враќа со пехар и златни медали

Женската селекција на Македонија, за кошаркарки „Под 16“ години е победник на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој изминатава недела се одржуваше во Тбилиси. Евидентна беше разликата меѓу македонската и останатите репрезентации на ФИБА Челинџерот во кадетска конкуренција што се одржа во главниот град на Грузија. Нашата селекција не само што победи на сите четири натпревари на кои противници беа Албанија, Малта, Грузија и Ерменија, туку оствари вкупна кош-разлика од +202, а прими само 157 поени. Сето ова се должи на одличната игра во одбрана бидејќи нашата селекција имаше вкупно 139 украдени топки или безмалку по 35 на натпревар. Со тоа беше убедливо на првото место во оваа статистичка категорија, сметајќи ги сите Челинџери што се одржуваа во овој период, со 44 повеќе од второпласираната Шпанија.Во првиот натпревар ја добивме Малта со 91:53, потоа Албанија со 72:46, па историската победа од 92:22 над Ерменија и за крај сличниот успех над домакинот Грузија со 104-36. Селектор на оваа селекција беше нашиот Никола Златев а еден од помошниците му беше нашата Форче Ѓорѓиева. Во составот беа и две кавадаречки кошаркарки Анастасија Тодорова и Љубица Бошкова кои одиграа значајни улоги во постигнувањето на овој огромен успех за македонската женска младинска кошарка.

Да потсетиме кошаркарките на подготовки беа во Кавадарци.

М.В.

234850521_4390172847707799_8649910492881518729_n