КАВАДАРЧАНИ ОДИГРАА КВАЛИТЕТНО БЕЗ СТРАНЦИТЕ ТОМИЌ, ЃЕКИЌ И ДЕЈВИС
Екипата на Еуро Никел повторно е поразена од екипата на ТФТ во подготвитетелен натпревар пред стартот на новата сезона. Скопјани славеа со 77-73 по продолжение, откако во регуларниот дел беше 68-68. Еуро Никел беше пред победа бидејќи по слободните фрлања на Димчевски, на седум секунди пред крајот поведе со 68-65. Во последниот напад Маслинко постигна кош, а судиите досудија и дополнителна лична грешка, по што крилниот играч на ТФТ погоди од линијата за слободни и го однесе натпреварот во дополнителни пет минути. Во нив ТФТ со серија од 7-0 во финишот го реши дуелот во своја корист. Прв стрелец на ТФТ беше Смит со 23 поени на кои додаде уште 13 скокаКај Еуро Никел се истакна поранешниот репрезентативец Предраг Самарџиски кој одигра одличен натпревар. Постигна 20 поени, 15 скока и 4 асистенции а Калахан додаде 15 поени, Димчевски 12, а Штерјов 10. Кавадарчани беа десеткувани на овој натпревармеч со неиграњето на странците Обрад Томиќ и Бранислав Ѓекиќ кои претходно примија вакцини против ковид-19 и беа поштедени, а Американецот Џонатан Дејвис од вечерва треба да му се стави на располагање на тренерот Самарџиев.За ТФТ ова беше последен тест натпревар пред патувањето на квалификациите за ФИБА Европа купот во Краснојарск , а Еуро Никел следната контролка ке ја има во Гевгелија против екипата на Кожув.
М.В.