Договорот е раскинат заради нарушување на угледот на клубот како и недолично и неетично однесување на кошаркарот

МКК Еуро Никел официјално ја извести спортската јавност дека го раскина договорот со својот кошаркар Андреј Цветковски. Договорот е раскинат поради тоа што кошаркарот не го испочитувал членот 3 од потпишаниот договор со клубот. Конкретно поради настанат инцидент на јавно место од каде произлегло и прекршување на јавниот ред и мир а со ваквотонеетичко и неморално однесување нанесена е и штета на клубскиот углед па поради сево ова клубот е приморан да го раскине договорот .МКК Еуро Никел е професионален клуб со високо реноме кој во никој случај не толерира неетичко и неморално однесување и не смее да си дозволи нарушување на честа и угледот на колективот. Иако очекувањата со Цветковски како професионален кошаркар беа големи тој не ја оправда задачата и обврската која му беше доделена па клубот беше приморан на ваков чекор. Исто така клубот нема никакви финансиски и други обврски по основ на договорот со кошаркарот.

М.В.