МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Екипата на ЖКК Трокал е убедливо најмлада во ПЖКЛ. Токму нивната младост им дозволува во ист состав да настапуваат и во помладите категории поточно во М18. После рекордната победа во првото коло против екипата на Пробаскет со резултат 101-13 во второто коло нашите девојчиња забележаа уште една многу важна победа.И тоа не било каква победа. Трокал славеше против шампионот Бадел со 51-59. Победата добива во тежина бидејки е извојувана на гостински терен. И уште повеке ако се знае дека Бадел е речиси непоразен цели 4 години наназад. Во листата на стрелци се запишаа Миткова и Бошкова со по 17 поени, Тодорова 13, Коцева 8 , Атанасова и Степанова по 2 поена. Со овој натпревар кавадаречките девојчиња имаат максимален ефект. Во М-18 две победи од исто толку натпревари а во првата Б лига четири победи од четири натпревари ИЛИ 6 од 6 за секоја почит

М.В.