,,Пробаскет,, му гостува на МЗТ а ,,Трокал,, го пречекува тимот на ,,Гризли,,

Кошаркарите заради репрезентацијата паузираат но за девојките нема застој . Во елитната кошаркарска група А ке се одигра 7 коло. Кошаркарките на ,,Пробаскет,, му гостуваат на МЗТ во обидот да ја забележат првата победа. МЗТ засега е само со една победа што најавува неизвесен натпревар. Останатите двојки се ,,Вардар,, - ,,Работнички,,, ,,Струга,, - ,,Бадел,, и ,,Кр.Паланка,, - ,,Баскет КАМ,,. Во групата Б на програмата е 6 коло. Двојките се ,,Риниа,, - ,,Куманово,,, ,,Мега Баскет,, - ,,Гостивар,, и ,,Патриот,, - ,,Шкупи,,. Екипата на ,,Трокал,, во недела во салата ,,Партизан,, од 13 часот го пречекуваат тимот на ,,Гризли,, кој засега има скор од 3 победи и 1 пораз. Нашите девојчиња засега се убедливо први, без пораз со 5 победи во серија.

М.В.