И покрај поразот од Работнички, кошаркарите на Фени Индустри немаат време за жалење
Веќе денеска -сабота, 24 декември ќе го пречекаат тимот на Кожув, за календарската година да ја завршат со натпреварот во рамки на БИБЛ лигата против екипата на Пеќ, кој е предвиден за во среда, 28 декември.
Победата во првиот натпревар од новата сезона над денешниот противник го прави Фени фаворит во дуелот со Кожув, и покрај незгодниот пораз од Работнички на домашен терен.
Почетокот на натпреварот е закажан за во 18 часот, а од клубот најавуваат дека спортската сала „Јасмин“ и овој пат ќе биде затоплена.