Во редовите на кавадарчани дури шестмина позитивни на Ковид 19
Претстојниов викенд треба да стартува пролетниот дел од кошаркарското првенство на Македонија. Екипата на Еуро Никел требаше да се сретне со тимот на ТФТ во салата Јасмин во Кавадарци но оваа средба е одложена а веке е познат и новиот термин. Имено Кавадарчани се соочија со големи проблеми со болни кошаркари а според извори блиски до клубот шестмина од играчкиот кадар имаат ковид-19 и десетина дена ќе мораат да останат во изолација. Според правилата, одложување може да се побара со четворица заразени со ковид, а кавадарчани имаат шестмина или половина екипа. Затоа и федерацијата го одложи овој натпревар односно го презакажа за 3 февруариДа потсетиме дека во паузата клубот го ангажираше искусниот Кире Николовски а од клубот си заминаа Штерјов и Милков. Покрај натпреварот меѓу Еуро Никел и ТФТ можно е претстојниот викенд да биде одложен уште еден меч од 13. коло Станува збор за дуелот меѓу Кожув и МЗТ Скопје кој е неизвесен поради позитивни случаи на корона во гевгелискиот тим. Според информациите, петмина кошаркари на Кожув имаат ковид-19, но тие треба да бидат потврдени пред Комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ. нително време за одмор по едномесечната пауза.Да споменеме дека Кошаркарската Федерација ги покани заинтересираните правни и физички лица да поднесат пријава за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп “Благоја Георгиевски – Буштур“ 2022 во машка и женска конкуренција. Поднесувањето на пријавите е најдоцна до 26 јануари 2022 година, а почетната сума за наддавањето изнесува 500 илјади денари. Завршницата од Купот на Македонија, кој од лани го носи името „Благоја Георгиевски Буштур“ треба да се одржи од 17 до 20 февруари.
М.В.