МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пробаскет не успеа да ја изненади Крива Паланка нагости и загуби со 64-56

Кошаркарите викендов го одиграа редовното 14 коло. Еуроникел му гостуваше на МЗТ во натпревар кој требаше да биде дерби но актуелниот шампион МЗТ Скопје полесно од очекувањата излезе на крај против својот ривал во ланското финале од плеј-офот. Ова беше шести триумф во низа на МЗТ против Еуро Никел. Еуро Никел парираше само во првото полувреме, а потоа домаќинот ги презеде работите во свои раце. Бојан Крстевски со 17 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, а Милошевиќ оствари дабл-дабл со 10 поени и 11 скока. Во тимот на Еуро Никел, Калахан постигна 14 поени, но кавадарчани го загубија натпреварот под кошевите со оглед на тоа што имаа 17 скока помалку од домаќинот (28-45) и 44 примени поени од рекетот, наспроти 26 постигнати.

Во останатите средби од ова коло ФМП – Кожув 92-64, ТФТ – Куманово 109-100, Гостивар – МЗТ 2 106-85 а одложени се средбите Ангели – Работнички за 09 февруари и Феникс – Пелистер за 02 март.

Во женската елитната група А се одигра 13 коло. Вардар – Бадел 59-82, Струга - Баскет Кам е одложена а МЗТ службено со 20-0 го доби дуелот со Работнички. Екипата на Пробаскет не успеа на гостински терен да го изненади домаќинот Крива Паланка и загуби со 64-56.

Викендов стартуваат и натпреварите во првата женска лига група Б со средбите од 10 коло. Тим Арена – Риниа 64-35, Куманово – Гостивар25-57, Гризли – Шкупи 72-35 а слободна беше екипата на Патриот. Во последен момент беше презакажан натпреварот Трокал - Мега Баскет. Истиот ке се одигра утре, вторник во салата Партизан со почеток од 14 часот.

272449074_518510159482946_5541363213770923423_n

272322345_1025248504723202_3108212399112096498_n

Мики Виденовиќ