Пробаскет испушти +11 и загуби од МЗТ

Интересен пресврт во женската елитна кошаркарска група А. Женскиот кошаркарски клуб Работнички нема да ја доврши сезоната во ова натпреварување бидејќи ќе биде дисквалификуван. Причина за тоа се двата неодиграни натпревара во последните две кола од шампионатот. Минатата недела не се појавија на терен во градското дерби против МЗТ Скопје, а викендов не го пречека ни Вардар во 14. круг, последен од овој дел на првенството. Поради ова ЖКК Работнички нема да настапува ни идната сезона, а остатокот од оваа натпреварувачка кампања во Првата лига ќе се доигра со само седум екипи при што на клубот од Градски парк му следува и парична казна. Вториот дел продолжува по системот „оролоџо“, веднаш по завршницата од Купот на Македонија, на 26 февруари. Како последица на дисквалификацијата на Работнички, од Првата Б лига, во Прва А директно ќе се пласира првопласираната екипа, а второпласираната ќе игра бараж со седмиот тим во елитната дивизија. Во елитната група А викендов се постигнаа следниве резултати: Бадел - Струга 98-44, Работнички – Вардар 0-20 а Баскет Кам и Кр.Паланка својата средба ке ја одиграат на 13 февруари. Во директната борбата за опстанок во елитата екипата на Про Баскет како домакин загуби од МЗТ со 64-66. Кавадарчанки на 3 мин до крајот имаа +11 но како да се исплашија од победата и му дозволија на противникот да направи пресвртВо групата Б лидерот Трокал на гостувањето во Делчево кај екипата на Патриот го доживеа првиот пораз воопшто оваа сезона. Кавадарчанки загубија со 63-55 но останаа на врвот на табелата но сега имаат само бод повеке од екипата на Гризли. Во останатите средби: Гостивар – Гризли 38-83, Куманово – Тим Арена 39-47, Мега Баскет – Риниа 53-54.

Мики Виденовиќ