Оваа средба од 16 коло ке се одигра во вторник на 15 февруари
Кошаркарите овој викенд ке ги одиграат средбите од 16 коло. Двојките се Феникс – Кожув, Гостивар – Ангели, ТФТ – Работнички и ФМП – Куманово. Ова се средби кои според делегирањето треба да се одиграат во сабота на 12 февруари. Во понеделник ке се одигра братската пресметка помеѓу МЗТ и МЗТ 2 а во вторник на 15 февруари на програмата е големото дерби. Во Битола лидерот Пелистер ке го пречека тимот на Еуроникел. Кавадарчани прокнижија две домашни победи против ТФТ и ФМП и ке се обидат да го искористат заморот на битолчани кои играат и во домашното првенство и во АБА 2 лигата и спортски е да се надеваме дека момците на Горан Самарџиоев ке направат изненадување во Битола.Викендов се играат и средбите од 12 коло во првата женска кошаркарска лига група Б. Во сабота ке играат Тим Арена – Мега Баскет и Гризли – Куманово. Во недела Риниа го пречекува Патриот. А во Кавадарци во недела точно напладне лидерот Трокал ке го пречека Шкупи. Слободен во ова коло е тимот на Гостивар.
м.в.