МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадарчани имаа водство од + 17 но и тоа не им беше доволно да го изненадат лидерот

Во последниот меч од 16. коло, во дербито во Битола, лидерот на прволигашката табела, евидентно заморен од напорите кои ги имаше во АБА 2 лигата сепак собра сили да одигра квалитетни 20 минути во второто полувреме доволно за уште еден триумф во домашниот шампионат и тоа 15. по ред. Гостите, екипата на Еуроникел не успеа да одигра сконцентрирано до крај и без разлика што во еден момент водеа и со + 17 паднаа и психички и на квалитет и на крај мораа да се помират со поразот.Повеќе од 30 минути се чинеше дека Пелистер ќе го доживее првиот пораз во првенството оваа сезона. Еуро Никел играше одлично во првото полувреме го диктираа темпото и постојано беа во водство, а по серијата од 12-0 во третата четвртина стигнаа до највисоките 65-48. Сепак, иако има голем број искусни кошаркари во својот ростер едноставно почнаа да паѓаат и не можеа да се вратат. Пред крајот на третата и почетокот на последната четвртина, Пелистер одговори со серија од 17 поени за преземање на водството и предност од 73-71. Кавадарчани се држеа, а по 75-75 но Пелистер направи нова серија, сега од 8-0 за водство дојде до стабилно водство кое го задржа до крајот за победа од 93.84. Кај Пелистер Мелешевиќ беше најефикасен со 26 поени, Кесар додаде 18 а Стајиќ 14. Кај Еуроникел Калахан реализираше 19 поени, Ѓекиќ 14, Димчевски 13 а Николовски 12. Овие две екипи можеби ке се сретнат повторно веке во сабота во рамките на купот. Доколку во петок Еуроникел и Пелистер ги совладаат противниците во четврт финалето во сабота ке игаат меѓу себе во полуфиналето м.в.