МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Дербито го играат ТФТ и МЗТ а Гостивар без публика ке го пречека Пелистер

Се е подготвено за старт на новата натпреварувачка сезона во најквалитетното кошаркарско натпреварување. На првата седница пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, на која присуствуваше и раководството на федерацијата, претставниците на Здружението на Прва лига-мажи, го утврдија системот за натпреварување како и календарот за натпреварување. Беа одредени и натпреварувачките броеви на 12. клубови учесници во првата лига и согласно со Бергер-системот, формирани се и двојките за првото натпреварувачко коло, кое според календарот е предвидено да се одигра на 8. октомври.Дербито на колото ке го одиграат ТФТ и МЗТ дотолку повеке што овие две екипи кои ги освоија трофеите во минатата сезона, шампионот МЗТ Скопје и куп-носителот ТФТ на 28 септември ке се сретнат и во борбата за пехарот во Суперкупот. Претходно, од 21 до 25 септември во Скопје ке се одржи квалификациски турнир за пласман во Лигата на шампионите на кој ќе учествува ТФТ, а веднаш по натпреварот од Суперкупот, меѓу 30 септември и 3 октомври, МЗТ Скопје ќе го означи враќањето во елитната дивизија од АБА лигата, со дуелот против Црвена Звезда во Белград а потоа и со Партизан. Во второто дерби во првото коло во Гостивар доаѓа Пелистер во реприза на ланскиот дуел од Суперлигата кој го одбележа сериозен инцидент меѓу двете екипи и домашните навивачи. Токму порази тоа, овој меч ќе се игра без публика бидејќи гостиварци добија суспензија од два натпревара и овој со Пелистер е вториот.Во останатите средби од првото коло ке се сретнат Куманово – Чаир, Академија ФМП – Кожув, Работнички – Феникса екипата на Еуро Никел сезоната ке ја отвори со гостувањето во Струмица

М.В.