МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Со од поодамна решен статус и обезбеден пласман во следната фаза, кошаркарите на Фени Индустри му дозволија на Карпош Соколи со 79-63 да го добие македонско дерби во регионалната БИБЛ Лига кое значеше и крај на првата фаза.

„Соколите“ одлично влегоа во натпреварот и со серија од 13-0 во воведните пет минути најавија дека ќе атакуваат на победата. Следуваше одговор на Фени кој со серија од 13-3 се врати на пристојни -3 по првите 10 минути игра. Во вториот квартал по неполни две минути игра, Фени Индустри направи пресврт со поените на Магдевски, за предност од 16-17. Таа предност во продолжението ја зголемуваше, за да во самиот финиш од првото полувреме домаќините израмнат и се замине на паузата со егал резултат од 38-38.На стартот од второто полувреме, се играше поен за поен, за да „соколите“ со тројката на Лабовиќ поведат со 47-44. Од тој момент домаќинот ја зголемуваше предноста и на пауза во пресрет на последните десет минути замина со резултат од 58-49 што му овозможи мирен финиш и победа од 79-63.Во отсуство на капитенот Николовски кој повторно доби поштеда, најефикасен кај Фени беше Џекиќ со 16 поени, додека прво име кај Карпош Соколи беше Бојан Трајковски со 25 поени.Набиената агенда на стартот на годината продолжува со дуелот против Пелистер во рамки на домашното првенство, кој е предвиден за во сабота, 28 јануари.