МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска ,на бадниково утро, низ улиците на Демир Капија, дечињата преку песна го навестија Христовото раѓање.Градоначалникот Лазар Петров им подари новогодишни пакетчиња.

Повикувајќи се на старата црковна традиција, денеска за прв пат во Демир Капија над 60 дечиња беа дел од бадниковата литија и ја пееја позната песна „Вечниот Бог“. Подобно на ангелите кои ни ја пренесуваат веста за Христовото раѓање, дечињата пеејќи, ја најавија радоста која ја носи утрешниот ден Божиќ, пеејќи „Свет си Пресвет Господи...“. Со пештера која што го симболизира местото каде што е роден Спасителот Господ Исус Христос, литијата тргна од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и се упати кон неколку домови во градот, каде што беа дарувани со разни подароци. Потоа литијата се упати кон Општината, каде што децата пееја и беа дарувани од страна на градоначалникот Лазар Петров. Бадниковата литија продолжи по улиците на градот. Во неа, покрај децата, учествуваа и возрасните. Подготовките околу литијата траеја околу еден месец, а околу организацијата учествуваа неколку граѓани, родители и парохискиот свештеник. Од страна на дечињата имаше голема заинтересираност, со надеж дека во наредните години нивниот број ќе се зголемува и со радост да се сподели веста Христос се роди!