МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Искусното крило дојде од екипата на Борац од Земун каде во просек постигнуваше по 23,8 поени и 5,2 скока

Во финишот на преоднот рок екипата на Еуроникел сепак успеа да најде соодветна замена за српскиот интернационалец Бранислав Ѓекиќ со кој кавадаречкиот колектив ја раскина соработката веднаш по завршувањето на куп натпреварите. Во ова време е мошне тешко да се најдат високи квалитетни кошаркари бидејки речиси сите првенства полека влегуваат во завршна фаза. Сепак шефот на стручниот штаб на кавадарчани Горан Самарџиев успеа да го ангажира српскиот интернационалец Стефан Балмазовиќ кој до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Еуро Никел. Станува збор за искусен крилен играч кој доаѓа во Кавадарци од екипата на Борац Земун каде во досегашниот дел од сезоната беше еден од најдобрите со просек од 23,8 поени и 5,2 скока по натпревар. Последниот натпревар за овој тим тој го одигра пред неколку дена и тоа против екипата на Никола Јокиќ, Џокер и тогаш постигна 14 поени. Инаку на македонската кошаркарска јавност, Балмазовиќ ѝ е познат по тоа што во две сезони тој беше играч на Работнички.

М.В.