МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 28 март 1936 година по иницијатива на група вљубеници во фудбалот во берберскиот дуќан на Дончо Арсов било одржано основачко собрание на кое бил формиран Фудбалскиот клуб “Љубаш“.

За претседател на клубот бил избран Круно Марјани, службеник во Општинскиот суд, а за секретар Костадин Манчев. Во управата на клубот биле вклучени Јордан Каровски, Пане Гечев, Милан Грозданов, Ѓошо Мицајков и Илија Анѓушев. Фудбалските клубови “Љубаш“ и “Југославија“ биле лути ривали и скоро секогаш во тие меѓусебни средби победувал “Љубаш“ со минимална предност од еден гол. Најпознати фудбалери на ФК “Љубаш“ се: Киро Папуџиев, Киро Каракулев, Киро Крстев, Гиго Јуруков, Јордан Ѓорчев, Ристо Јосифов-Топот, Љубо Житаров, Диме Митков Даскалот, Диме Боцев, Лазо Мицев Рале, Јово Сеизов, Саво Малинков, Лазо Пончев, Јован Шахпазов, Блажо Мукаетов, Пано Мударов, Данчо Досев, , Глигор Досев и др.

ФК “Љубаш“ постои до септември 1941 година, кога најголемиот дел од фудбалерите заминале на отслужување на воениот рок. За време на НОВ и револуцијата 1941-1945 година тројца фудбалери од овој фудбалски клуб загинаа како партизани во борбата против фашистичкиот окупатор. Тоа беа: Киро Спанџов, Пано Мударов и Лазо Мицев.

П.Камчевски