МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На 9 март 1945 година при АГИТПРОП во Кавадарци е пуштена во работа првата Разгласна станица,претходник на Радио Кавадарци која се формира 1958 година.

Целта на ова прва радиостаница била да го информира населението од Кавадарци за сите позначајни настани во земјата и во светот. Разгласната станица имала еден засилувач и еден микрофон, на кој се поврзани два звучника од по 50 вати. Едниот звучник бил поставен на градскиот плоштад, а другиот во “Дарданелското Маало“. Програмата на разгласната станица ја подготвувале членовите на театарската група која секој ден подготвувале едночасовна емисија. во која имало вести, што се добивале од редакцијата на весникот “Билтен“, а имало и забавен дел кој бил наречен “Трнче и копривка“, во кој се исмејувале некој несоцијални појави. Програмата ја подготвувале Александар Грков, Илија Каровски и Лазар Грозданов. Вестите ги подготвувале Васил Анастасов, Велко Поп Коцев и Киро Мукаетов, а со техниката раководелe Диме Мустеников-Перодршковиќ и Тодор Мурџев-Тотката. На фотографијата Мустеников и Мурџев, со нивниот предавател озвучуваат митинг во Кавадарци.

П.Камчевски