МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ги сади, третира и врши ѓубрење исклучиво на органски начин. Ѓубривото  со кое ги прихранува доматите и другите земјоделски култури е исклучиво од калифорниски црви, препаратите за заштита од болести и штетници, се на база на  органска постапка-без токсини.Драги Манев веќе пет години  тоа го прави  во своето родно село Палукура , и за истото го следат инспектори за органска храна кои му издаваат сертификат со кој тој докажува дека не овластен производител.И годинава доби сертификат за органска храна. Направени се повеќе тестирања и испитувања на неговите домати пиперки-секогаш имал 100%  исправен органски производ.Тој неговото призводство го продава на Градскиот зелен пазар во Кавадарци, кај овластени фабрики за органска храна во  Македонија и во неколку  продавници во Кавадарци со истакнат сертификат дека се работи за органска храна.
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)



Слични содржини од ЕМИСИИ