МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

"Кавадаречката културна есен " на љубителите на културата и сознанијата за други народи овој топлол септември им ја донесе вечерта посветена на Перу. Ова јужноамериканска држава ја промовира почесниот Конзул на Перу во Република Македонија Ненад Јанаќиевиќ. На неговиот настап му претходеше краткото обраќање на градоначалникот Алекдандар Панов и директорот на Домот на Култрурата ,,Иван Мазов Климе,, Владимир Темков кој потврди дека културната есен ова година ке содржи богата програма за што сведочи невообичаениот настан на кој,, јавноста поблизу се запознава со колоритот на Перу. IMG_20150915_191233.jpg Перу е татковина на цивилизацијата Норте Чико, една од најстарите во светот и на Имепријата на Инките, најголемата држава на територијата на Јужна Америка пред колонизацијата. Шпанското царство ја освоила територијата во 16 век и го основале Вицекралството Перу во кое влегле поголемиот број земји колонизирани од Шпанија во тој дел од Јужна Америка. По независноста на Перу, државата подлегнала на поголем број нестабилности и економски кризи, но исто така имала и стабилни и просперитетни периоди. Географијата на Перу варира од рамнини во близина на крајбрежјето до високи планини и врвови на исток и тропски шуми во Амазонскиот басен. Државата е во развој со среден индекс на развој и ниво на циромаштија од 40%. Главните економски ресурси се земјоделството, рибарството, рударството и производството на текстил и други суровини. Населението на Перу брои 28 милиони луѓе и е мултиетничко општество, со значаен број на староседелско население, европски доселеници, африканско население и азијци. IMG_20150915_192559.jpg Во Кавадарции беше промовиран видео спот за ова држава а истовремено се слушаше перуанска музика а беше преставена книгата -,,Cuadno EL Amor Vence En La Guerra,,.Извадоци од неа прочита актерот Александар Малинков. м.д.