МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Современа и стимулативна средина за учење

Учениците од гиманзијата „Добри Даскалов“ од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип добија донација во компјутерска опрема за еден од 8-те доградени кабинети во кавадаречката гимназијата. Универзитетот сподели дел од својата информатичка технологија со цел подобрување на воспитно образовниот процес и градење на многу почести комуникациски врски со средното образование. Ова е само почеток од она што универзитетот планира да го сподели со средното училиште.

Оваа просторија, нагласи Брарбареев може да стане центар за учење којашто ќе можат да ја користат и други заинтересирани граѓани и ученици од основните училиште. Директорката на гимназијата Невенка Поп Ангелова рече дека ова е резултат на континуирано добрата соработка со овој универзитет, која е започната во 2010 година.

Оваа современа средина ќе биде искористена и за обуки и дисеминации на наставниците. Поп Ангелова најави многу посуштински активности помеѓу гимназијата и универзитетот од Штип

(изјави)-Никола Брабареев – професор од УГД и Невенка Поп Ангелова – директор на гимназија Добри Даскалов