Левица по повод Интернационалниот ден на работничката борба Први Мај, ќе организира Протест за социјална правда и работничкиправа.

Во соопштението се вели:

-„Оваа година „Левица“ ќе го организира својот Првомајски протест во Кавадарци, градот во кој се гледа сета работничка беда настаната како резултат на странските инвеститори. Во Кавадарци е Дрекселмаер, во Кавадарци е Фени. Нивното спречување на синдикалното организирање веќе стана злогласно. Пред 2 месеци од Фени беше отпуштен еден работник поради неговите синдикални активност. И во знак на солидарност со него го организираме Првомајскиот протест во Кавадарци!

Протестот ќе започне идниот понеделник (01.05) кај Кружниот тек (нов центар) во Кавадарци од 12:00 часот. Се надеваме дека Вашиот ценет медиум ќе го покрие овој настан„.велат во соопштението до порталот www.rtk.mk од „Левица“.