МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Актуелниот секретар на Општина Кавадарци, Кире Делов, денеска организира неформална средба со поранешните секретари на ова институција на локалната власт .Делов и актуелната администрација длабоко ја ценат и почитуваат традицијата, и ја ценат историјата на Кавадарци.

Годинава се навршуваат 25 години од независна и самостојна Македонија. Затоа со пиетет се сеќаваме на генерациите пред нас кои со своето работење придонесоа за изградбата на Општината, но исто така со респект гледаме и на генерациите кои ја водеа Општина Кавадарци до референдумското изјаснување на 8 септември.

- Како секретар на Општината ја организирав ова средба со сите поранешни секретари на Општината, со цел да им изразам благодарност за сработеното.

Станува збор за луѓе кои учествувале во поставувањето на темелите на локалната администрација и нејзиното работење кое е исклучиво во интерес на нашите сограѓани.

Почит за оние кои не се мегу живите, а кои учествувале во изградбата на Кавадарци.

Покрај неформалноста на средбата, сето има суштина, преку изразувањето на нивните искуства, а ние како млади генерации има што да научиме од нив.