МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Проектот нaменет да насмејува и расположува „Лакрдиите на Паја“ - Блажо и Мара, успева.Првата сезона на промоција во Салата на Домот на културата на 14 и 15 ноември

Од идеја до реализациоја на било кој проект а посебно ако се работи за екранизација на хумор е тешка работа.Ако тоа се има намера да се направи професионално со соодветна техника на снимање а пред се со професионална артистичка екипа , тогаш навистина сте се зафатиле со одговорена работа. А ако на сето тоа ,тематиката е екранизација на хумор и сатира,тогаш имате многу делкикатна ситуација.РТК.МК како портал до овој момент , по речиси една година работа на проектот “Лакардиите на Пајата„ смета дека завршила голем дел од работите и тоа успешно, но пред се благодарение на публиката која ги виде и доживеа 42- вица избрани од „Магазинот на Паја“, без притоа да настојува или инсистира преку реклама да го наметне своето појавување на медумското небо кај нас.Тоа што публиката ги прегледа над 160.000 пати и за тоа даде илјадници допаѓања на социјалните мрежи е навистина импозантен податок за македонски прилики.Смеата, здравиот хумор и намерата да ви го направи денот позабавен, беше основната наша намера.Во тоа се надеваме успеавме и затоа се решивме на 14 и 15 ноември во салата на Домот на културата и јавно да ја завршиме и промовираме првата сезона на Блажо и Мара односно „Лакрдиите на Паја„ пред нашата публика, и истовремнено да ги преставиме сите јунаци на кратките стории , кои придонесоа за вашето расположение, и да им се заблагодариме на оние кои веруваа во нас и ни дадоа ветер во грбот за да успееме.

Почитувани, РТК.МК и цела екипа на Лакардиите на Паја организира Деновите на хумор во Кавадарци на 14-15 Ноември во Домот на Културата - „Иван Мазов Климе“.На тој начин сите заедно ќе ја проследиме Сезона1 и ќе уживаме во хуморот на ПАЈА.

Смеењето е пола живот, затоа заборавите на секојдневните проблеми и дојТе на Кавадаречки Хумор у Вторник и Среда(14,15-11-2017) од 20 часот у Домот на Културата.