МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Хаџи Манови се едно од најстарите семејства во Кавадарци

Ова е семејна фотографија со сите членови на семејството на етномузикологот и мелограф Васил Хаџи Манов (браќа, сестра, стрина, снаи , внуци).Васил е најголемиот македонски етномузиколог на македонска изворна музика и документи кои грижливо ги собирал долго време. Собрал околу 8.000 македонски народни песни и ора, од кои 5.000 биле средени во зборници, а 700 од нив биле албански. Инаку тој е и прв магистер по фармација во Кавадарци(1935 година).

Фотографијата е направена 1953 година пред семејната куќа на Хаџиманови.