МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВАНДАЛИ ГО УКРАДОА БАКАРНИОТ ДЕЛ ОД СПОМЕНИКОТ НА 12-те ВАТАШКИ МЛАДИНЦИ

Три пати досега се напаѓа и се крадат делови, овој пат во четвртиот напад целосно е украден металниот дел од Спомен обележјето на стреланите ваташки младинци во јуни 1943 година во Моклиште.Вандалскиот чин овој пат е целосен.

Во саботатата на 8 август кога директорот на Музеј галеријата, Петре Камчевски престојувал лично на спомен обележјето во Моклиште забележал дека го нема на своето место овој 50 сетина килограми тежок дел од споменикот,го побарал случајно да не е фрлен во околината, и откако не нашол ништо пријавил во државните институции за споменично и културно наследство и до надлежните органи во Општината , со цел да се најде извршителот на ова срамно дело и соодветно санкционира.Според сизнанијата засега извршителите се непознати.

Градоначалникот Александар Панов го осудува овој срамен чин на сквернавење на историјското наследство и апелира до надлежните да го расветлат случајот и арамиите да ги изведат пред лицето на правдата. Панов истакнува: „Нема зборови со кои може да се опише било каков нецивилизиран и кукавички гест, особено на споменик во чест на 12 млади патриоти кој го дадоа животот за слободата на Mакедонија“

vatasa spomenik

Покрај тоа што надлежните општински служби и стручните лица од музејот Кавадарци беа на увид на самото место, веднаш по кражбата на рељефот на споменикот на 12 ваташки младинци, информирана е полицијата како и надлежните републичлки институции, бидејќи се работи за споменоик од прв ред.

Општината, Музеј-галеријата Кавадарци и републичките институции за Заштита на културното наследство ја разгледуваат можноста за начинот како да се интервенира на споменикот. Дали да се направи реплика на оргиналниот рељеф од бакар на авторите Јордан и Искра Грабул, или да се предложи ново идејно решение.

М.Д.