МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци спроведе акција за расчистување на околината на споменикот на 12 младинци кај Моклиште.

Во соработка со компанијата „Ја-Ми“ која донираше механизација, беа расчистени: пристапниот пат од спојот на регионалниот патен правец до споменикот, потоа обраснатиот простор на платото кај споменикот, како и пешачката патека која води од споменикот до одморалиштето кај воденицата.Во акцијата, од обраснатите грмушки и наносите од земја беше расчистен и делот околу чешмата која се наоѓа на влезот.Ова е само дел од активностите што ќе ги превземе општина Кавадарци во делот на уредувањето на најзначајниот споменик од историјата на НОБ во Ваташа и Кавадарци.