Пожарникарите спречија поголема катастрофа

Синоќа околу 22 часот избувна пожар во магацински простор во Брушанската населба во Кавадарци.

За среќа на сопственикот а повеке од се на соседите пожарот за кратко е ставен под контрола и спречена е поголема катастрофа.Имено во магацинот имало и три буриња под 200 литри лесно запалива нафта која благодарение на брзата интервенцијата останала нефатена од огнот.Електричната мрежа сеуште била активна.Со 2 возила и 5 пожарникари , од кои првото возило со припадниците на ППТЕ стигнала за само 5 минути, дејствувано е брзо и ефикасно.

-Изгоре дел од магацинот, но спречено е огнот да ги зафатат околните објекти. Ризикот за такво нешто беше голем, бидејќи во магацинот имаше дрва и буриња со лесно запалива течност- ни рече во изјавата за РТК.МК -Илчо Богевски, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица.

Се утврдуваат причините за пожарот и висината на материјалната штета.