МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

36278607_10204771303880345_5661582622086660096_n.jpg

Во петок, на 29 јуни 2018, со почеток од 20 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се одржи промоција на првата “Македонска Рок енциклопедија“ од авторот Тошо Филиповски.

Извонредна прилика рокерите (не само музичарите) и љубителите на македонската рок музика од Кавадарци и Тиквешијата, од прва рака да се запознаат со ова оригинално енциклопедиско издание, резултат на долгогодишна работа на авторот. Инаку Тошо Филиповски е долгогодишен музички новинар и водител на култни музички програми, со особен осврт на македонската рок музика. Организатор на рок концерти и фестивали и редок и извонреден хроничар на македонската рок музика.

Кавадаречките љубители на рок музиката особено ќе бидат заинтересирани за кавадаречкиот дел од рок енциклопедијата, кој секако го има во доволна мера и на радост на музичарите.

Содржински промоцијата на првата “Македонска Рок енциклопедија“, освен приказните на Тошо Филиповски, ќе донесе меѓу другото и мал осврт на познавачите на кавадаречките рок прилики, потоа специјално подготвена свирка на двајца извонредни рок гитаристи Ристе Димитров (Smoke Shakers/Bad-Ass-All) и Виктор Кимов (Leksikon), како и документарец за македонската рок музика од шеесетите и седумдесетите години од минатиот век, во авторство на Аљоша Симјановски.

Авторот на првата “Македонска Рок енциклопедија“ Тошо Филиповски ќе се задржи во разговор со присутната публика и секако во потпишување на примероците на енциклопедијата.