МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Јавниот повик беше распишан вчера во 9 часот и истиот заврши на крајот од денот.

„Се известуваат граѓаните на Општина Кавадарци дека по одржаната седница на Комисијата за имплементација на мерките за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Општина Кавадарци за купување енергетско ефикасни грејни тела за 2018 година, беа донесени неколку заклучоци.

Јавниот повик беше распишан вчера во 9 часот и поради очекуваниот голем број на апликанти истиот заврши на крајот од денот.

Комисијата го разгледа бројот на апликации и утврдено е дека се пристигнати 103 барања и со тоа се надминува бројот на предвидени барања од поднесители во рамките на предвидениот буџет.

Поради транспарентност и отчетност во работењето на Општина Кавадарци и поради големиот број на пристигнати барања при разгледување на барањата на следниот состанок на Комисијата доколку се констатира дека вработени во Локалната самоуправа и нивни членови од поблиското семејство , како и Советници во Совет на Општина Кавадарци и нивни членови на поблиското семејство имаат поднесено барање по Повикот, нивните барања нема да бидат разгледани.

Поради големиот интерес од граѓаните на Општина Кавадарци за овој јавен повик, Градоначалникот Митко Јанчев, на наредната седница ќе предложи на Советот на Општина Кавадарци до крајот на 2018 година да се објави уште еден Јавен повик за субвенционирање за купување енергетско ефикасни грејни тела„- се вели во соопштението од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

фото:www.bajka.mk