МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„По повод Христовото раѓање –Божик, на 06. Јануари 2019 година (недела)во Кавадарци ќе се одржи по втор пат Бадникова поворка со учество на деца

„Имено, со Бадниковата поворка, возобновуваме една прекрасна древна традиција, која, веќе насекаде во Македонија, прерасна во еден од најмасовните собири што радосно ги обединува најмладите од целата наша Татковина. Огромни групи на дечиња се собираат за радосно да го најават Христовото раѓање и да пренесат топла празнична порака, пеејќи ја старата Бадниковата песна „ Вечниот Бог“.Бадниковата поворка во Кавадарци ќе тргне од храмот ,, Св.Петка ,, во 10 часот и ќе се движи по улицата ,,Илинденска,, до Плоштадот, каде децата ке бидат пречекани од градоначалникот и ќе им бидат поделени Божиќни подароци

Затоа и ние го испраќаме нашиот топол повик, до сите деца, родители, до сите граѓани од нашиот град, да се собереме во уште поголем број од минатата година и да го привлечеме Божјиот благослов за нашиот Македонски народ.„

Од свештенството при храмовите ,,Св. Димитрија ,, и ,,Св. Петка,, - Кавадарци.

Архива на РТК.МК. Бадникова поворка 2018 година:-https://www.youtube.com/watch?v=Jwcutnj8s48

12222222222222222.PNG

445553222.PNG