МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Над триста трговци се очекува да се појават на традиционалниот „Есенски панаѓур“ кој овој пат ќе се оддржи една недела порано од вообичаеното време , односно на 7, 8 и 9 октомври, петок, сабота и недела.

Стандардно, локацијата и годинава останува непроменета .Панаѓурските тезги ќе бидат поставени на булеварот „Никола Минчев“ , поранешен „Едвард Кардељ“ ,на потегот од кружниот тек кај новата автобуска станица, до спојот со „Северен Булевар“,.Покрај овие улици целосно затворен за сообраќај во деновите на оддржувањето на панаѓурот ќе биде и булеварот „Македонија“ од спојот со улиците „Орце Николов“ до булеварот „Цветан Димов“.

Предвидено е поставување на санитарен јазол и вода за корисниците, со цел да бидат поштедени околните подруми на зградите и другите објекти кои и покрај желбата на организаторот, секоја година страдаат од несовесните или помалку внимателните посетители или продавачи на Панаѓурот.