МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Првото е лажното лице кога се во опозиција и второто е нивното вистинско лице кога се на власт Денеска ќе се потсетиме што ветуваше нивниот лидер Зоран Заев во 2016 година кога не бираше средства да се догреби до власта.

Дали е потребен дополнителен коментар? Оваа шетање на Заев по пунктовите е во 2016 година кога во државата имаше вишок од над 40 милиони килограми на грозје кои визбите во Република Македонија немаа услови да ги откупат меѓутоа тогаш се интервенираше и се откупи цело грозје и цената беше 13 денари за вранецот и 11 денари за смедеревката.

Денеска поради сушата имаме над 50 милиони килограми на гројзе помалку од минатите години а цената на грозјето е за два до три денари пониска во однос на минатите години.

Почитувани граѓани,

Каде се тие агенции за интервентен откуп што ги ветуваше Заев пред да дојде на власт? Дали откупните цени на грозјето се знаат триесет дена пред бербата откога Зоран Заев а премиер? Дали државата е партнер со земјоделските производители и со откупувачите? Дали субвенциите од еден денар ги дадоа во февруари или се уште не се исплатени во целост до денеска? Се што ветија за се излажаа. Оваа влада не само што нема концепт за работа туку и целосно ги понижува и потценува лозарите.

Го повикуваме министерот за земјоделие во бела кошула Трајан Димковски да не си игра со чувствата на лозарите. Да не игра популистички игри со кои ќе купи уште некој месец дополнителен социјален мир.

Состојбата во државата со лозарството е премногу сериозна. Постои опасност лозарството целосно да се уништи. Под итно да ги прифатат амандманите кои се поднесени од страна на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ за ребалансот на буџетот и да ги субвенционираат лозарите со три денари по килограм грозје за сортите вранец и смедеревка.

На крај на локалното раководство на СДСМ во Кавадарци да им порачам: Не бранете нешто што не се брани.Смешни сте пред народот. Вас ви е јасно дека бродот на Заев тоне.

На Република Македонија ќе и се случи обнова,а таа обнова ќе ја направи многу наскоро владата на ВМРО ДПМНЕ со идниот премиер Христијан Мицкоски., се наведува на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.