МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СПОРЕД МНОГУМИНА ТОЈ Е БАРДОТ НА МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ПЕСНА

Никола Бадев е роден на 8 август 1918 година во с.Глишиќ, денес приградска населба на Кавадарци.На 10 годишна возраст започнал скришум да свири виолина. Во неговата почетна музичка наобразба многу ми помогнал неговиот вујко Васил Неделков, кој пак самоуко свирел неколку музички инструменти. Уште како млад го сака спортот, особено фудбалот, а во ФК “Југославија“ играл десно крило. Никола се оженил многу млад, а во бракот со сопругата Милка имал три деца. Веднаш потоа заминал на отслужување на воениот рок каде го затекнала Втората светска војна. Во септември 1944 година се вклучил во редовите на НО војска, во Втората македонска ударна бригада. По војната Никола завршил курс за медицински техничари и работи во Кавадарци како санитарен инспектор-хигиеничар. Со својот пријатен мелозвучен глас Никола веќе бил познат во Кавадарци и многумина барале да им пее на многу свадби и веселби. Во 1948 година Нилола Бадев победил наФолклорниот фестивал во Скопје и по препорака на многу негови другари заминал во Скопје. Во почетокот на неговата музичка кариера многу му помогнал Васил Хаџи Манов кој во тоа време работи како музички уредник во Радио Скопје. Својата прва грамофонска плоча Бадев ја снимил во 1952 година за “Југотон“ била песната “Тешка беше нашата разделба“.Во текот на неговата долга и успешна музичка кариера има снимено повеќе од 400 песни и голем број грамофонски плочи, а реализирал голем број на концерти и турнеи во Југославија, САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд итн. Никола Бадев е исклучителна појава помеѓу големиот број на исполнители на македонски народни песни, но никој како него не го долови вистинскиот дух и мелос на македонската изворна народна песна. Со неговото вклучување во ансамблот на Радио Скопје му се овозможи на овој народен пеач да го изгради и култивира неговиот исклучителен глас. Во ова нешто многу му помогнале етномузикологот Васил Хаџи Манов и Живко Фирфов со што успеа да ја афирмира и издигне до највисок степен иззворната македонска народна песна и мелос. Никола Бадев почина во Скопје 1976 година.

п.к.