МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст:

„Почитувани сограѓани

Единствените капитални прокти кој ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ во десетгодишното владеење ,беше редењето на споменици и барокните фасади во центарот на Скопје.

За разлика од таквата неодговорна политика на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе десет години, на оваа Влада инвестициите во инфраструктурата и се врвен приоритет.

Капиталните инвестиции оваа година се реализираа со силна динамика.

Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со општина Кавадарци реализираше клучни инфраструктурни проекти за нашата општина.

Извршивме изградба на нов мост и проширување на патот околу мостот во Ваташа.

Исто така извршивме рехабилитација на транзитниот дел на регионалниот пат P1107, односно влезот во град Кавадарци.

Покрај ова започнавме со рехабилитација и на патот од Мушов гроб до с.Мрежичко.

Оваа година исто така ќе започнеме со целосна рехабилитација и на патот до Росоман.

Во општина Кавадарци како и во цела држава, се инвестира, се гради како никогаш до сега.

Ова единствено ВМРО-ДПМНЕ не сака или не може да го види.

Меѓутоа граѓаните ги гледаат и ги препознаваат овие заложби и затоа на 12 април ќе потврдат дека сме на вистинскиот пат.

О.О СДСМ Кавадарци„.