МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Нови 500 метри квадратни асфалтирана улица се дел од градската улична мрежа на Кавадарци. Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ изврши асфалтирање на ул.„Стив Наумов“. Во склоп на овој комунален проект на општината и ЈП „Комуналец“ претходно беше извршена реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, по што уследи подготовка, поставување на рабници и тампонирање на целата површина на реконструираниот дел од улицата. И овој проект е реализиран на барање на жителите од тој дел на Кавадарци.

120074911_2848613328696043_9210999914718089743_n (1)