МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„ Ангажираната оператива на фирмата „Цвет компани“ од Скопје деновиве привршува со изградбата на минор коритото на делницата долга 680 метри со поставување на обработен камен. Со изградбата на оваа делница ќе се спојат кејот-шеталиште Ваташа со делот во Кавадарци кај мостот „Слога“. Архитектонски и овој дел од кејот шеталиште ќе биде иста како во градот, односно со минор корито од камен, и шеталиште на двата брега од кои левото ќе биде со павер елементи, а десното од фин бетон. Во завршната фаза ќе се постави урбана опрема и ново улично осветлување. Финансиската конструкција за овој проект изнесува 21.500.000 денари, парите се обезбедени преку Бирото за развој на Вардарскиот плански регион и буџетот на Општина Кавадарци. Со реализацијата на петтата фаза од изградбата на кејот-шеталиште, општина Кавадарци ќе регулира три километри од коритото на реката Луда Мара на потегот од улицата „Страшо Пинџур“ кај мостот Ваташа до мостот „Белка“ кај Булеварот „Видое Смилевски“.„-известуваат од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 122747108_2881613925395983_1747734534567074346_n 122804203_2881614195395956_9136846783464056093_n 122806837_2881614025395973_2764961298648748227_n 122886927_2881614342062608_3330104783747687777_n 122945408_2881614285395947_9115250439858513349_n