МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Талиа Василова -Кавадаречкото девојче кое го разбранува музичкиот свет со нејзиниот глас,талент,желба,труд,љубов и убавина овојпат е учесник на Интернационалниот Вокал натпревар "Диги Форм Арт" во Полска. Таа е единствен учесник од Македонија.Талиа со нејзината интерпретација е во конкуренција со голем број на учесници од целиот свет и ќе биде сослушана и оценета од стручно жири,кои се врвни светски музички уметници и професори.Талиа заслужува да и дадеме поддршка за успех,а воедно и да се гордееме на нашата детска музичка Македонска амбасадорка која неуморно продолжува кон својот музички сон.Кавадарци е со тебе,Македонија е со тебе.Среќно Талиа.