МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Организаторите годинава направија квалитетен Фестивал на детска песна

Да бидиш дете е најубаво.Да знаеш да се радуваш, да пееш и да му се радуваш на животот е најубавото чувство.Но јас сум стар тоа децата најубавио го знаат.Но за момент се почуствував така синоќа кога ја следев првата вечер на годинашново најново издание на Меѓународниот фестивал на детски песни„Гроздоберче 2016“.

Прекрасна вечер, која ке се репризира во сабота (27.11.2016) во салата на Домот на Културата во 19 часот.Час и 20 минути поминаа брзо а беше убаво.Децата и родителите во побликата задоволни од вечерното излегување збогатено со убаво доживување.

Честитки за целата организација на Фестивалот, за Дејзи,Пепи,Мирјана,Биљана,Маја,Диме,Марјан,и сите кои помогнаа се да биде како детска бајка:кратка,весела,поучна,впечатлива.Браво.Немам ниедна забелешка.Продукцијата -квалитетна..Одлични тексови,музика и аранжман-таман за децата,кореографија петка.И на сето тоа со учество на двајца исполнители од Рожае и Ковин,Фестивалот е и Меѓународен.Немам зборови.Затоа и овде прекинувам за да не го уништам убавиот впечаток.Следете го вечерашново и другите изданија на годинашниот фестивал.ПРЕКРАСЕН Е...

Оние кои сакаат да го гледаат можат да го набави најновото фестивалче „Гроздоберче 2016“на ДВД..кое во издание на www.rtk.mk ке се појави наскоро.Дотогаш читајте ги сите новости за Гроздоберче и другите вести на овој портал...