МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Едно лице со тешки повреди е пренесено во Клинички центар во Скопје

Со тешки повреди се здобил пешак при сообраќајна несреќа која се случила 20 минути по полноќ во Кавадарци, информираа денеска од МВР.

-Сообраќајката се случила на раскрсницата помеѓу улиците "Страшо Пинџур" и "Блажо Ицев" во селото Ваташа. Патничко моторно возило "форд фокус" со кавадаречки ознаки управувано и сопственост на С.Ц. роден 1996 година во Ваташа, удрило во пешакот Л.Ј од Кавадарци роден 1953 година, појаснија од полицијата.

Тешко повредениот најпрвин бил однесен во кавадаречката болница, а оттаму на клиничкиот центар Скопје.