МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Има пораст на бројот на нови позитивни на корона вирус се бележи во Кавадарци.

Од утре се отвора модуларната Ковид болница која има капацитет од 35 болнички кревети. Директорот на ЈЗУ Општа болница со проширана надлежност- д-р Диме Коцев ,во изјава за КТВ вели дека болницата е подготвена кадровски да одговори и на овој нов бран на ковид и дека владее голем интерес за вакцинирање. Тој информира дека досега се вакцинирани околу 53 отсто од населението над 18 години во Кавадарци. Кавадаречката болница добива и апарат за компјутерска томографија.